Хроника 09. август 2018. / 11:13

Битолчанец се повредил додека гасел пожар во својот дом

Битолчанец се повредил додека гасел пожар во својот дом

Вчера околу 19.35 часот во куќата сопственост на С.С. (58) на улица Лавчански пат во Битола, кој живеел сам, избувнал пожар.

Пожарот настанал во една од собите и во тој момент С.С. бил во куќата. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат. Во обид да го гаси пожарот, С.С. се здобил со повреди по што бил пренесен во Клиничкатра болница Битола.