Хроника 21. декември 2020. / 19:17

Битолчанец се обидел пеш да внесе близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево

Битолчанец се обидел пеш да внесе близу илјада пиротехнички средства на ГП Делчево

На граничниот премин Делчево, при влез во државата, денеска полициските службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата.

Пронајдени се 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства.

Како што соопштија од МВР, пронајдените предмети биле одземени.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.