Насилен инцидент се случил во ресторан на бензиската пумпа на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на 25. месецов.
Како што информираат од МВР, по претходна вербална расправија, три непознати лица, физички ги нападнале
34-годишниот Д.М., државјанин на Белгија, со живеалиште во Скопје и неговиот придружник К.Д., при што истите биле разделени од обезбедувањето на објектот.
По ова, Д.М. и К.Д. со автомобил се упатиле кон Македонски Брод, при што на приклучокот на регионалниот пат, забележале возило, кое откако го одминале слушнале истрел од оружје, но притоа немало повредени.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.