Хроника 13. февруари 2021. / 17:01

Бегалец од „Идризово“ фатен во Тетово

Бегалец од „Идризово“ фатен во Тетово

Министерството за внатрешни работи информира дека полициски службеници на СВР Тетово уапсиле 37-годишник кој избегал од КПУ „Идризово“.

Денеска околу 13.10 часот на ул. „170″ во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 37-годишниот Л.К., кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна од две и пол години за сторено кривично дело „убиство”.

Приведениот Л.К.ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за доиздржување на казната.