На 02.03.2020 во 09.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Групчин-Тетово, после надвозникот за с.Добарце, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(22) од с.Чифлик, излетало од патот и удрило во дрво и сообраќаен знак.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. по што била пренесена во Клиничката болница-Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.