Хроника 09. февруари 2021. / 12:53

Автомобил удрил во жена кај Католичка Црква

Автомобил удрил во жена кај Католичка Црква

Шеесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил автомобил на крстосницата од улица Митрополит Теодосиј Гологанов и улица 9 Мај во Скопје.

Како што соопшти МВР, М.С.(39) од Скопје управувајќи автомобил „фолксваген” удрил во Л.К.(67) од Скопје. На Л.К. ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.