Тринаесетгодишно дете од Голема Речица е тешко повредено во сообраќајна несреќа кога во него удрил автомобил, а возачот избегал.
Според информациите на МВР, несреќата се случила синоќа околу 22.30 часот на регионалниот пат Тетово – село Пирок кога автомобил удрил во детето кое возело велосипед.
По незгодата, возачот со возилото избегал, а детето со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.