Хроника 27. ноември 2020. / 12:38

Автомобил удри во запрежно возило близу Баница – струмичко: Повредени две лица

Автомобил удри во запрежно возило близу Баница – струмичко: Повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи околу 11 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица-Баница-Вељуса.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во сообраќајќата учествувале автомобил и запрежно возило. Повредени се возачат на автомобилот и лицето кое го управувало запрежното возило и тие се пренесени во Струмичката болница.

Сообраќајот на овој патен правец е во прекин, а на местото на несреќата полицијата врши увид.