Хроника 21. јануари 2020. / 09:49

Автомобил удри во столб во Аеродром

Автомобил удри во столб во Аеродром

На булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром утринава се случи сообраќајна незгода во која патничко возило марка „рено“ удри во столб.

Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека според првичните информации нема повредени лица.

Причинета е само материјална штета.

Сообраќајот во овој дел од градот утринава се одвиваше отежнато.

Незгодата во СВР Скопје е пријавена во 08:40 часот. Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје.