Хроника 13. октомври 2020. / 10:34

Автомобил удри во канделабра во Влае, повредени возачот и сопатничката

Автомобил удри во канделабра во Влае, повредени возачот и сопатничката

Две лица, од кои скопјанка потешко, се повредени ноќва во 02.00 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во скопско Влае.

Како што сооптши МВР, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.