Во текот на вчерашниот ден, автомобил удрил 4- годишно дете, по што тоа било пренесео на Клиника.
Вчера 13 часот на улица „Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак, соопштуваат од МВР.
Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.