Хроника 26. мај 2020. / 13:14

Автомобил се преврте на патот кај Дреново: Возачот пренесен во болница

Автомобил се преврте на патот кај Дреново: Возачот пренесен во болница

Сообраќајка на патот пред селото Дреново се случи претпладнево околу 11 часот, во која е повреден 27-годишниот М.Б од село Јаболчиште.

Повредениот со своето возило излетал од патот и се превртел со возилото на кровот, потоа излегол од возилото и самиот повикал Итна помош од Велес. Во меѓувреме неговите роднини го зеле со возило, а екипата на велешката Брза помош го пресретнала на патот Дреново – Лисиче и му укажала прва помош, информираат од СВР Велес.

Васе Панова од Службата за Итна Помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека веднаш  му била укажана прва помош.

-Надворешно немаше поголеми повреди, а се жалеше на болки во градите, најверојатно поради нагмечувања од воланот, појасни Панова.

Тие со возило на Итна помош повредениот 27 годишен М.Б го однеле итно во велешката Општа болница, каде ќе биде снимен на рентген за да се утврдат повредите.

СВР Велес е на увид на местото на настанот, информира портпаролот Верољуб Додевски.