Хроника 19. февруари 2020. / 15:41

Автомобил се преврте на автопатот Штип-Миладиновци – има повредени

Автомобил се преврте на автопатот Штип-Миладиновци – има повредени

Автомобил заврши на кров на автопатот Штип – Миладиновци, кај клучката Преод. Како што информираат за „Република“ од СВР Скопје, станува збор за „фолсваген венто“, а несреќата се случила околу 13 часот.

Полицискиот увид е во тек по што ќе се знаат повеќе детали. Во несреќата се повредени возачо и сопатници, но засега нема точни детали колку лица се возеле и дали поминале со полесни или потешки повреди.