Од полицијата информираат дека вчера во 02:25 часот било пријавено дека во Кичево на улицата „Маршал Тито“ патничко моторно возило „Фолксфаген Голф“ управувано од А.Р.(22) од Кичево излетало надвор од коловозот и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Л.Р.(18) кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.