Хроника 26. октомври 2018. / 10:55

Ауди излета од патот Штип – Велес, има повредени

Ауди излета од патот Штип – Велес, има повредени

„Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе вчера околу 20 часот излетало од магистралниот пат Штип – Велес (помеѓу село Криви Дол и село Кадрифаково).

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, додека со телесни пoвреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.