Хроника 25. март 2019. / 16:12

Арачиновец си пукал во раката

Арачиновец си пукал во раката

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е. (51) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.

На 03.03 годинава околу 16 часот во атар на село Никуштак, кумановско, пријавениот, од пиштол кој го поседувал со соодветна дозвола, испукал куршум, при што се здобил со телесна повреда во пределот на раката.