Хроника 21. септември 2020. / 17:47

Aрачиновците кои се обиделе да изгазат полицаец се уапсени

Aрачиновците кои се обиделе да изгазат полицаец се уапсени

Двајца жители на Арачиново се уапсени затоа што се обиделе да прегазат полицаец со возило.

Завчера околу 22.30 часот во село Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија – соопштија од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.