Рано утрово во 04.30 часот на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека Ј.Ј.(57) од Панчево, Република Србија, се наоѓа на стоп – листа.
Во 05.00 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.