Вчера попладне во 13 часот и 55 минути на граничниот премин “Табановце“, за влез во Македонија, полицијата уапси странски државјанин.
Имено допатувал со патничко моторно возило “Нисан“ со англиска национална ознака, управувано од 27 годишниот Б.Д од Албанија, а по извршената пасошка контрола, поради сомнение дека се фалсификувани приложената англиска сообраќајна дозвола и возилото, лицето е приведено и предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, велат од МВР.