Апсење на граничниот премин во Табановце, во текот на вчерашниот ден .
Вчера во 18 часот и 45 минути на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето М.Е. (35) од Скопје е предмет на потрага поради сомнение дека извршил кривично дело по член 243 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во 20 часот и 20 минути лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за натамошна постапка.