Апелациониот суд во Битола ја намалил затворската казна од 16 години на 8 години за српскиот турист Бојан Угреновиќ кој до смрт го претепа 26 годишниот охриѓанец, Димитар Матилоски, а е на слобода бидејќи судот во Охрид не донесе пресуда во предвиден рок и мораше да биде пуштен, информира Досие.
За убиството српскиот државјанин Бојан Угреновиќ на почетокот од судскиот процес пред судијата Весна Кичеец, изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело за кое се товари и изрази жалење и каење за стореното дело. 29-годишниот жител на Краљево ги прифати сите наводи во обвинението кое го товари дека критичната вечер физички го нападнал Димитар Матилоски во кафе барот „Табана“, а потоа надвор му задал удари, од кои еден во пределот на лицето бил фатален за младиот охриѓанец.
На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. И на повтореното судење судијата Кичеец повторно изрече 16 години.
Сега пресудата е правосилна и судот треба да даде упатен акт за во затвор.
Убиството се случи на Новогодишната ноќ 2016 година.