Хроника 28. декември 2019. / 19:58

АМСМ: Во Маврово врне снег, но засега нема прекин на сообраќајот

АМСМ: Во Маврово врне снег, но засега нема прекин на сообраќајот

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно и по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата.

– Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со слаб интензитет во Крушево, Кичево, Македонски Брод, Делчево и на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот – соопштија од   АМСМ од каде апелираат да се вози внимателно и брзината да се присподоби според условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез.