Хроника 23. јули 2020. / 16:28

Албански државјанин кој бил пријавен за исчезнат пронајден мртов во Скопје

Албански државјанин кој бил пријавен за исчезнат пронајден мртов во Скопје

Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје.

– Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Северна Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум Балкан веб наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.