Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчевечер ( 12 ноември ) околу 23 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода албанскиот државјанин И.Д.( 47 ) од Скадар, поради сомнение дека е извршител на кражби и тешки кражби на тетовското подрачје.
Албанскиот државјанин задржан е за целосно расчистување на случајот.