Хроника 13. јуни 2019. / 14:30

Албанци шверцувале дрога во Македонија

Албанци шверцувале дрога во Македонија

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвинителе акт против двајца државјани на Република Албанија.

Тие се обвинети занеовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според ОЈО, на 11 овој месец тие во „голф“ со регистарски ознаки од Република Албанија во багажниот дел сокриле ранец во кој имало 1,7 килограми марихуана. Дрогата во Македонија ја внеле преку граничниот премин Блато со намера да ја продадат на купувачи во Гостивар.

Судија на претходна постапка на двајцата шверцери им одреди 30 дена притвор.