Хроника 17. август 2020. / 11:58

Алачки: Спречена кражба на музички инструменти во Берово

Алачки: Спречена кражба на музички инструменти во Берово

Спречена кражба на музички инструменти во Берово. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.

Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки. Повеќе детали за кражбата полицијата најави во текот на денов.

Жителите велат дека во изминатите 15 години немало вакви случаи во селото, но во последниот период се појавуваат.

За жал, пред неколку месеци беа украдени и пари наменети за опожарената црква „Св.Спас“ во Владимирово, а сега и ова, велат жители на Владимирово