Хроника 06. февруари 2019. / 11:37

9-годишно девојче удрено со автомобил, возачот побегнал

9-годишно девојче удрено со автомобил, возачот побегнал

На патот село Лека – село Крушопек, скопско, во попладневните часови на 5 фавруари автомобил управуван од непознат возач, удрил во пешак – деветгодишно девојче од село Крушопек.

Како што информираат од МВР, по инцидентот возачот побегнал од местото на настанот. Девојчето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, од каде велат дека работат на расчистување на случајот.