Хроника 21. јануари 2021. / 09:54

46-годишен маж изгоре во пожар во село Грдовци, неговата мајка пренесена во болница

46-годишен маж изгоре во пожар во село Грдовци, неговата мајка пренесена во болница
архива

Рано утринава избувна пожар во куќа во кочанското село Грдовци. Едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

На местото на пожарот во тек е увид од страна на полициски инспектори и јавен обвнител.