Хроника 27. декември 2018. / 13:33

34-годишен стружанец крадел по амбуланти

34-годишен стружанец крадел по амбуланти

Полицијата поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Струга за сторени три кривични дела „тешка кражба“, кривично дело „тешка кражба во обид“ и кривично дело „кражба“.

Во периодот од 22 до 25 декември, на подрачје на Струга, во два деловни објекти, две амбуланти и куќа, пријавениот со употреба на физичка сила ги отворил влезните врати, влегол внатре и одзел парични средства, преносен компјутер, два монитора за компјутер, телевизор, алат и други предмети.

Полицијата соопшти дека пријавениот со кражбите предизвикал материјална штета од 114 000 денари.