На 31.01.2019 околу 19,20 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот „Благоја Тоска“ патничко моторно возило „Сузуки марути“ со тетовски регистерски таблици, управувано од О.М.(22) удрило во пешаците Х.М.(19) и А.Р. (25) од Тетово.
Повредените пешаци со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.