Момче на возраст од 21 година загина доцна синоќа во скопското село Сарај откако мотоциклот со кој управувал се судрил со автомобил. Според полицискиот извештај сударот се случил синоќа, а момчето со тешки телесни повреди било префрлено во Клиничкиот центар каде им подлегнал на повредите.
– На 08.06.2020 во 22.56 часот било пријавено дека во с.Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(43) од с.Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од Ш.О.(21) од с.Паничари, скопско. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, стои во полицискиот билтен.