Хроника 16. декември 2018. / 17:59

1ТВ: Каква е состојбата на повредените од автобусот

1ТВ: Каква е состојбата на повредените од автобусот

Директорот на тамошната болница Небојша Димитријевиќ, вели дека примените 28 пациенти не се во животна опасност, а четворицата тешко повредени кои се префрлени во нишкиот ургентен центар, известива новинарска екипа на 1ТВ од местото на автобуската несреќа.

Некои пациенти имаа полесни повреди и веднаш ги сместивме во нашето одделение. Изгледаа доста лошо. Им дадовме да се преслечат и појадок, на топло, да се одморат малку и да добијат терапија. Тројца пациенти пративме во Ниш на неврохирург, од кои еден се врати овде. Тие што беа во подобра состојба пред три часа се сместени во хотелот „Апостоловиќ“. Министерот за здравство Златибор Лончар и градоначалникот на Лесковац договорија сите повредени да бидат сместени во хотел и да чекаат како ќе бидат префрлени во Македонија или до Виена, каде што тргнале, изјави Димитријевиќ.

Тој за 1ТВ додаде дека за три пациенти дошле нивни роднини и веќе ги вратиле во Македонија.

Сите пациенти во нашата болница не се во животна опасност. Тие овде ќе имаат целосна нега, на кој и да му треба може да остане без никакви проблеми. Изутрината разговарав со директорот на болницата во Ниш, таму беа во критична состојба, сега се малку подобри, иако се уште не може да се даде дијагноза, затоа што станува збор за повреди на градниот кош, стомакот, рбетот. Нивната состојба се следи постојано, рече Димитријевиќ.

Целиот разговор со него погледнете го во видеото.