Ноќеска во 00.30 часот во с. Чегране од полициски службеници од Полициско одделение Чегране биле лишени од слобода И.А.(19), С.С.(19), М.М.(18), Б.М.(19) и двајца 17 годишни малолетници, сите од с.Чегране.
Полицијата постапи по претходна пријава од 9. јануари, поднесена во 02.05 часот од 17 годишен малолетник од Гостивар дека на паркинг од угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од пријавените.
По докумeнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.