13-годишно момче од Струмица заработи соодветен поднесок од полицијата за сторени 13 кривични дела.
Полицијата го товари за тешки кражби, разбојништва и одземање на возила, кои ги сторил во изминатите 2 месеци.
Најчесто оперирал во Струмица, но пленот го барал и во Кочани и во Радовиш.
Според инормациите од полицијата тој успеал да изврши разбојништва врз две повозрасни лица, украл две возила, извршил тешка кражба во болница, провалувал во куќи и продавници и крадел велосипеди.
Од МВР велат дека ова не е прв пат да поднесуваат пријави за 13-годишното момче.