Хроника 20. март 2019. / 17:08

13-годишно девојче со тешки повреди пренесено на Клиника

13-годишно девојче со тешки повреди пренесено на Клиника

Во 13.20 часот вчера на крстосница од регионален пат Скопје- Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот М.С. од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.