Хроника 20. август 2018. / 10:12

13 годишник во мотор удрил во бетонски ѕид

13 годишник во мотор удрил во бетонски ѕид

Триенаесет годишно лице од село Сарај, струмичко, управувајќи мопед „ВОГ“ без регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа.

Несреќата се случила вчера во 20:50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.