Економија 02. март 2021. / 15:16

Зошто најголем дел од рамковно вработените сѐ уште не одат на работа

Зошто најголем дел од рамковно вработените сѐ уште не одат на работа

Пред точно еден месец министерот за политички систем и прв заменик премиер, Артан Груби, најави дека т.н. рамковнo вработени, конечно, ќе почнат и да работат. Станува збор за 1 349 административни службеници во Министерството за политички систем кои не одеа на работа бидејќи немаа каде, а земаа државна плата, пишува „360 степени“.

„Јас сум убеден дека до крајот на следната недела ќе завршиме со актите за упатување и дека луѓето ќе започнат со работа веќе до крајот на јануари“, кажа тој.

И навистина, Груби им подели акти за упатување на административците во други институции, согласно претходно договорениот владин план.

Но, дали по трансферот и навистина почнаа да работат?

Управата за водење на матичните книги е орган во состав на Министерството за правда. Според буџетот за 2021 година, во институцијата работат 501 лице. Со трансферот на вработени од Министерството за политички систем, Управата доби 38 нови кадри, што е зголемување на работната сила за околу 7,5 %.

Но, спротивно на најавите, тие сѐ уште не почнале со работа.

„Заради потребите на нивното преминување во Управата, бидејќи тие места за коишто тие доаѓаат се веќе пополнети од сегашни вработени, се прави дополнување на систематизацијата. Се отвораат нови работни места, како впрочем што тоа се случува во секоја институција. И токму поради тоа, како што кажав на почетокот, ние го пративме актот за систематизација во Министерство за информатичко општество“, вели Јасна Пецевска-Талевски, раководителка на Одделението за управни работи при Управата за водење на матичните книги.

Ова значи дека сѐ додека не добијат одобрена систематизација, од Управата не можат да потпишат договори со новите кадри за тие да почнат на работат.

Новите кадри не работат, е одговорот од институциите каде што се обратиле од „360 степени“.

Целиот текст прочитајте го на „360 степени