Економија 10. септември 2020. / 19:18

Златев: Ние ќе имаме страшни економски проблеми

Златев: Ние ќе имаме страшни економски проблеми

Темата за поскапувањето на струјата како повод за протести е издржана,  изјави главниот и одговорен уредник на „Економски Лидер“, Љупчо Златев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ, на прашањето дали вчерашните протести на ВМРО ДПМНЕ се навремени или задоцнети.

Во јули годинава државната ЕСМ( Елем)  вишокот  го продала за 5 милиони евра на странските пазари , а во исто време РКЕ ја покачи цената, вели Златев.

Новинарот Златев очекува дека во наредните години земјава ќе има страшни економски проблеми.

Цената на струјата е алармантна. Последниот Извештај  на ДЗР говори дека растот на БДП  е дека минус 12, 6%.  Во овој момент треба сите вести да почнуваат и да завршуваат со економија. Ние ќе имаме страшни економски проблеми.  Проблемот кај СДСМ е да покаже демократски капацитет и да објасни зошто треба да се зголеми струјата , поради што опозицијата сега протестира, а претходно имаше граѓански протести, вели Златев.