Економија 23. август 2020. / 16:09

Живко Митревски се враќа на чело на ССМ

Живко Митревски се враќа на чело на ССМ

Поранешниот претседател на ССМ ја доби битката за враќање на функцијата откако во 2017 та година беше заменет со актуелниот претседател Дарко Димовски, објави ТВ Сител.

Митревски денеска на прес-конференција објави дека Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017та година.

„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски.

Сега се чека на Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише Митревски за претседател. Според него тоа се очекува да се направи во текот на следната недела. Рече дека по неговото враќање ќе се подобри соработката со останатите синдикални организации.