Законот за зелена енергија (ГЕА), во Канада и САД, беше предложен како политика за животна средина и политика за креирање работни места. Таквата грешка понатаму продуцира два проблеми.
- Во однос на создавањето нови работни места, нема ништо посебно во субвенционирање на производството на електрична енергија. Штетите се исти како и кај сите други субвенции. Имаме долго и жално искуство во Канада, со неуспешни шеми за создавање работни места врз основа на субвенции за индустриите кои работат со загуби. Од брзорастечките краставици, до автомобилизмот во Бруклин, Владите продолжуваат да работат на сметка на даночниот обврзник, не извлекувајки ја едноставната лекција, дека работните мста со субвенции се неодржливи, додека работните места кои се одржливи работат без субвенции.
Индустријата која зависи од субвенции неможе да биде извор на работни места. Средствата за субвенциите се добиваат преку се поголемо оданочување на работните места кои работат без субвенции, со што долгорочно се губат стабилните и успешни работни места. Ова е точно како за силата на ветерот, така и за краставиците со ефект на стаклена градина, и не е важно дали даноците се видливи или скриени во вид на повластени тарифи и вештачки надуени сметки за електрична енергија.
Во земјите како Шпанија и В.Британија, кои пред една деценија ги започнаа своите сопствени верзии на ГЕА, денес имаат загуби од работниместа, што го потврдуваат сите независни анализи. Во Велика Британија, во извештајот на Verso Economics се користеше макроекономскиот модел на шкотската влада за да се покаже дека и покрај добивањето на нето-трансфери од околу 330 милиони долари од остатокот од Велика Британија за својот сектор за обновливи извори, Шкотска суште има нето загуба на работни места чекајки „поволен ветер“ во вртелешките за струја, доека во Велика Британија во целост, 3,7 работни места беа загубени за секое работно место создадено во обновливите извори на енергија.
Во Шпанија, истражувачите на Универзитетот “Кинг Карлос” откриле дека во просек секое работно место во секторот на ветер ја чини земјата повеќе од 1 милион фунти, што подразбира губење на 2,2 работни места во приватниот сектор за секое ново работно место создадено во секторот за обновливи извори.
Искуството е јасно, идеите за зелена енергија ги зголемуваат трошоците за електрична енергија, и ја намалуваат вработеноста. Тоа е сосема обратна заложба од првичната замисла, која ветуваше ем зелена енергија, ем работни места.
2. ГЕА беше воведена и за подобрување на животната средина. И оваа заложба заврши со неуспех.
Кога луѓето зборуваат за зелена енергија, тие обично прикажуваат идилични слики со мирни зелени пејсажи, чисти градови и села. Но, тоа е токму она што се уништува преку брзото ширење на индустриските ветерни турбински инсталации низ пејзажоте, од Онтарио, па се до долините на Западн Европа. ГЕА уништи многу планови на локалните власти за пошумување и заштита на природните убавини. Како резултат на тоа, зеленилото во кое луѓето навистина сакаат да уживаат, е уништено во името на зелената идеологија.
Второ, проширувањето на портфолиото за обновливи извори е непотребно бидејќи 75% од електричната енергија на земјите и регионите со најмногу ветро-електрани, доаѓа повторно од нуклеарната и хидроенергијата, кои исто така не генерираат емисии на штетни гасови. Дваесет и два проценти доаѓаат од електрични централи на јаглен и природен гас. Само 2-3% од вкупната енергија доаѓа од ветро-електраните и соларните панели,иако тие сочинуваат над 50% од вкупните инвестиции во енергија.
На крајот, ветро-електраните уништуваат цели јата птици, додека соларните панели по крајот на нивната употреба, како смет, не се воопшто еколошки по животната средина.
Превземено од
Fraser Institute