Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање, започнува од денеска.
Од претпријатието ги повикуваат сите граѓани кои имаат долг да го искористат овој период, од 04.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
И од јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги информираат своите корисници дека Управниот одбор на претпријатието, на својата 32 седница одржана на 1.11.2019 година, донесе одлука со којашто на сите корисници коишто имаат заостанат долг на заедничка сметка во евиденција на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање комунален отпад (тужен и редовен), им се овозможува истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање, почнувајќи од денеска до 29.11.2019 година.
Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува само на физичките лица (колективните и индивидуалните домаќинства).