Економија 27. јуни 2019. / 21:25

Заев со популистичка мерка: Уште еднаш ќе ја покачиме минималната плата

Заев со популистичка мерка: Уште еднаш ќе ја покачиме минималната плата

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница најави дека минималната плата повторно ќе биде зголемена. Неводејќи сметка дека дел од македонските компании нема да можат да ги зголемат платите, со што ќе доведе до нов бран отпуштања. Повеќето стопански комори неколку пати ја предупредија Владата да не ја зголемува мининмалната плата, заради добивање политички поени, зошто цената ќе ја платат отпуштените вработени.

Просечните плати во нашата земја, на ниво на приватен сектор растат и продолжуваат да растат. 6.6 проценти се зголемени и ќе бидат дополнително зголемени заради тоа што работиме како Влада, со комплетен фокус за пораст на платите. Ќе се покачи уште еднаш минималната плата, којашто секако ја отвора спиралата на покачување на платите и тие ќе растат, истакна премиерот.

За реконструкцијата на Владата, Заев рече дека таа се прави со цел видливите владини резултати, на половина од мандатот да бидат уште поголеми, и во интерес на сите граѓани.