Економија 29. април 2018. / 12:53

Заев: Со осум компании завршени се преговорите за инвестирање, се чека конечната одлука

Заев: Со осум компании завршени се преговорите за инвестирање, се чека конечната одлука

Oсум странски компании имаат донесено одлука за инвестирање во Македонија и се чека потврдата од матичните компании за да се потпишат договорите

Ова го најави премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа.

– За 10 месеци потпишавме 10 договори со странски инвеститори, а дополнителни осум компании донесоа одлука преговарачките тимови за инвестирање во Македонија и ја чекаат потврдата од матичните компании да ги овластат за да ги потпишеме. Преговараме со 200 компании. И веројатно тоа не е само наш успех, тоа е нешто што почнала и претходната Влада, но ние тоа го надоградивме и тоа расте, истакнува Заев во интервјуто.

Во него изразува надеж дека проектираниот раст од 3,2 проценти е достижен доколку се реализираат 65 до 70 проценти од најавените капитални инвестиции.