Економија 14. ноември 2018. / 11:27

За вградување на автоплин државата ќе дава по 300 евра

За вградување на автоплин државата ќе дава по 300 евра

За да се подобри животната средина и новиот возен парк во земјава, Министерството за економија готви предлог што ќе биде дел од Законот за возила каде се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

Во програмата се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на плински уред, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило. Предвидено е да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво, а мерката ќе стартува од 2019 година иако се уште не е прецизиран точниот датум.