Економија 15. ноември 2018. / 12:03

За три години Македонија треба да врати 1,5 милијарди евра

За три години Македонија треба да врати 1,5 милијарди евра

Во 2019 година за наплата, заедно со камата, стигнуваат 268 милиони евра по кредити што биле претходно земени, во 2020 година износот е 521 милиони евра, додека во 2021 година дури 732 милиони евра, или во наредните три години државата треба да се раздолжи за 1,5 милијарди евра.

Ова го покажуваат податоците од Фискалната стратегија 2019-2021 година што ја изработи Министерството за финансии.

Притоа, в година дури две третини од долговите што треба да се вратат се на странски кредитори, додека во наредните две години, многу повеќе од вкупниот износ се долгови кон домашни кредитори –  банки, осигурителни компании и пензиските фондови. Домашните долгови вообичаено се репрограмираат, односно се издаваат нови хартии од вредност, со што со нови долгови се покриваат старите, а многу често се зема и понекој денар плус.