Директорката на Упавата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција објави податоци кои зборуваат за злоупотребата на финансиската помош по однос на исплата на плати за месецот декември.
За декември 2020. година поднесени се 13.721 барање на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021. година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица. За работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица. Најголема злоу потреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво. Најголемиот број на ваквите фирми кои ја злоупотребиле помошта се од Скопје, истакна Лукаревска.
Таа посочи дека секој управител треба да знае дека сноси кривична одговорност, бидејќи тој стои зад веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош.
Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај истите се извршени контролизаедно со Државниот инспекторат за труд , за што ќе има заедничко известување од епилогот во вторник.
Инаку, за декември 13.160 работодавачи добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец.