Економија 11. март 2019. / 20:40

Врховен суд ќе се поднови со лимузина врендна над два милиони денари

Врховен суд ќе се поднови со лимузина врендна над два милиони денари

Врховниот суд набавува лимузина во вредност од над два милиони денари, пренесе А1он.

Во огласот за јавна набавка, Врховниот суд набавува патничко возило во вредност од 2.118.644 денари или приближно 34 илјади евра, без ДДВ.

Во техничките спецификации пишува дека се бара патничко моторно возило, лимузина, со 4 врати и 5 седишта на дизел, со зафатнина на моторот од 1950 кубни метри со стандард ЕУРО 6.

Возилото треба да има паркинг-сензори, алуминиумски бандажи со најмалку 17 инчен дијаметар, вграден патен компјутер, вграден систем за одржување на брзината. Гаранцијата за возилото е 2 години со 12- годишна заштита од корозија, а рокот за испорака е 90 дена. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

– Се работи за јавна набавка на возило за службени потреби на судот, а за замена на постојноато службено возило кое е старо 20-тина години, во моментов не го знам точниот податок колку е старо, и кое е целосно дотраено. Техничките спецификации ги изготвува техничката служба, а во склад со потребните технички карактеристики и стандарди за службено возило и согласно одобрените средства за таа намена од Судско буџетскиот совет. – одговори за „А1он“, Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски на прашањата како е утврдена потребата за набавката на ова возило со посочените технички спецификации и кој ќе се вози во возилото.