Економија 14. May 2019. / 19:56

Вработените во културата од април ќе земаат повисока плата

Вработените во културата од април ќе земаат повисока плата

На денешната седница Владата ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности, согласно која, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите и почнувајќи од платата за месец април.

Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените и во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата.

Со оваа информација е констатирано дека Министерството за култура е во фаза на подготовка на нов Закон за јавниот интерес во културата, кој ќе биде усогласен со новите измени на законите од областа на јавната администрација, односно со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, и по неговото усвојување ќе се создадат услови за ново усогласување на платите во културата.