Економија 14. октомври 2018. / 22:34

Во вторник Владата ќе не задолжи за 53,6 милиони евра

Во вторник Владата ќе не задолжи за 53,6 милиони евра

Министерството за финансии во вторник на 16 октомври закажа аукции на државни хартии од вредност со кои планира да позаjми нови 3,3 милијарди денари или приближно 53,6 милиони евра. Според проспектите за задолжување на Министерството, државата ќе позјами пари со 12 месечни записи, 2 годишна и 3 годишна обврзница, како и една 30 годишна обврзница.

Парите од 30 годишната обврзница со евро клаузула, кои државата треба да ги позјами, треба да ги враќа 30 години односно до 2048 година со камата од 4,5%. Износот на државни хартии од вредност, пак, што достасува за исплата во октомври годинава изнесува вкупно 7.416.390.000 денари.