Според податоците на Државниот завод за статистика Скопје го посетиле 27.849 странски туристи со остварени 49.110 ноќевања.
Во октомври годинава според објавените податоци бројот на туристите изнесува 83.303, а бројот на ноќевања 182.557. Бројот на туристи бележи зголемување од 7,1 отсто, а бројот на ноќевањата е заголемен за 10,1 отсто. Кај домашните туристи забележано е зголемување од 13,7 отсто, а кај странските туристи 4,4 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 11,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,1 отсто.
Меѓу странските туристи најбројни биле од Турција 5.843, 3.200 од Хрватска, над 3.000 се и странските туристи од Бугарија, Грција, Германија, Србија, како и од азиските земји.
Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,1 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,1 отсто, а кај странските има зголемување за 12,5 отсто.
Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14,9 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 14,2 отсто, а кај странските има зголемување за 15,8 отсто.